Со својата издржлива и пренослива структура, трафик конусите служат за обележување, насочување и предупредување во сообраќајот. Тие обезбедуваат сигурно управување со сообраќајот при патни работи, настани, градежни зони и други ситуации.
Произведени од издржлив PVC материјал. Се користат за воспоставување ред и безбедност во сообраќајот. Имаат конусен дизајн и се изработуваат во различни димензии и тежини. Се користат при привремени патни работи, паркинг зони, пешачки патеки и краткорочни безбедносни обележувања.
Карактеристики на PVC Трафик Конусите:
Лесна и флексибилна структура, лесни за носење
Најчесто во светло портокалова боја со рефлективни ленти за зголемена видливост
Издржливи, но можат да пукнат при силни удари
Произведени од рециклирачки каучук. Се користат за воспоставување ред и безбедност во сообраќајот. Имаат конусен дизајн и се произведуваат во различни димензии и тежини. Погодни за интензивен сообраќај, паркинзи и долгорочно поставување.
Карактеристики на Кауџук Трафик Конусите:
Лесни, флексибилни и лесни за носење
Еластична структура која не се крши и издржува удари
Цврсти и долготрајни
Најчесто во светло портокалова боја со рефлективни ленти
Рефлективните трафик конуси се опремени со рефлективни ленти за зголемена видливост во темнина или при лоши временски услови. Рефлективните елементи ја зголемуваат безбедноста на возачите и пешаците во ноќни, дождливи и магливи услови.
Карактеристики на Рефлективните Трафик Конуси:
Рефлекторите ги одбиваат светлата од фаровите и овозможуваат висока видливост
Рефлективните ленти најчесто се бели или сребрени
Модуларните трафик конуси најчесто се изработуваат од каучук или PVC. Составени се од повеќе делови и можат лесно да се поставуваат и демонтираат. Можат да се надградат со дополнителна опрема со цел да служат за различни намени.
Карактеристики на Модуларните Трафик Конуси:
Може да се надградат со табли, сигнални светла или други насочувачки додатоци
Опремени со рефлективни ленти за подобрена видливост во темнина
Можност за замена на делови, што овозможува долгорочно финансиско заштедување
За да ги откриете производите што најдобро одговараат на вашите потреби и за нарачки, контактирајте не!