Успорувачите на брзина се поставуваат попречно на патот со цел да ја намалат брзината на возилата и да обезбедат поголема безбедност за пешаците и возачите. Најчесто се користат во зони со намалена брзина како: училишта, болници, пешачки премини и паркинзи.
Кауцуковите успорувачи се изработени од висококвалитетна гума и служат за намалување на брзината на возилата. Се користат во паркинзи, околу училишта, влезови на населби, болници и во близина на пешачки премини.
Карактеристики на Кауцуковите Успорувачи:
Отпорни се на големи товарни оптоварувања.
Лесни за транспорт и монтажа.
Обично содржат вградени рефлектори за подобра видливост ноќе и во услови на слаба светлина.
Отпорни на абење, удари и тешки временски услови.
Помалку го оштетуваат суспензиониот систем на возилата во споредба со бетонските модели.
Модуларен дизајн што овозможува различни должини и ширини.
Пластичните успорувачи се изработени од издржлива пластика и служат за намалување на брзината на возилата. Идеални се за паркинзи, околу училишта, населби, болници и пешачки премини.
Карактеристики на Пластичните Успорувачи:
Отпорни на големи товарни оптоварувања.
Полесни од каучуковите и бетонските модели.
Лесни за транспорт и монтажа.
Отпорни на абење, удари и тешки временски услови.
Модуларен дизајн со можност за различни должини и ширини.
Помалку го оштетуваат возилото во споредба со бетонските модели.
Често содржат рефлектори за зголемена видливост ноќе.
Рефлекторските успорувачи се опремени со рефлективни ленти кои ја зголемуваат видливоста во темнина или услови на слаба видливост. Овозможуваат побезбедно движење на пешаците и возачите во ноќни, дождливи или магливи услови. Се користат кај пешачки премини, паркинзи, училишни зони, болници и улици во населби.
Карактеристики на Рефлекторските Успорувачи:
Рефлекторите ја засилуваат видливоста преку одраз на светлината од фаровите.
Достапни со жолти, бели или фосфорни рефлективни ленти.
За повеќе информации и нарачки, контактирајте нѐ!